Измет.
Пепел.
Пропаст.
Смрдеж.
Ти.
Мртов.
Неподвижен.
Беден.
Еутаназирај си ги мислите.
Прободи си ги чувствата.
Закопај си ги лажните мотивации.
Изгори си ја устата клета од зборови искажани.
Прегази си го бедното постоење.
Исечи си ги крвавите очи.
Прострелај херојски куршум во смрзнатата душа.
Sunday, December 21, 2014
Saturday, December 20, 2014
Стакло.
Скрши се стакло кристално,
прокелтите души ги исечи!
Исчисти зло срце,
продри низ бесни сили
и немири ветрови!
Викни! Нека одекне гласна болка!
Нека се струполат сите пред тебе!
Земјо златна отвори се!
Та голтни ги мртвите лица!
Лицата на предавниците!
Лицата на злото!
Лицата на измамниците!
Срамни ги додека не молчат вечно!
прокелтите души ги исечи!
Исчисти зло срце,
продри низ бесни сили
и немири ветрови!
Викни! Нека одекне гласна болка!
Нека се струполат сите пред тебе!
Земјо златна отвори се!
Та голтни ги мртвите лица!
Лицата на предавниците!
Лицата на злото!
Лицата на измамниците!
Срамни ги додека не молчат вечно!
Saturday, December 6, 2014
дожд.
Звук на пиано
прават сребрените капки
од црните навивнати облаци над нашите души.
Полека.
Ме наежуваат ситните срамежливи капки на мојот врат.
Полека.
Се најавува дружењето на осамените облаци
со кревката земја
и нашите кревки души.
Спуштете ги проклетите чадори!
Уживајте во прегратката на дождот!
прават сребрените капки
од црните навивнати облаци над нашите души.
Полека.
Ме наежуваат ситните срамежливи капки на мојот врат.
Полека.
Се најавува дружењето на осамените облаци
со кревката земја
и нашите кревки души.
Спуштете ги проклетите чадори!
Уживајте во прегратката на дождот!
Subscribe to:
Comments (Atom)


