Грешник,
светец,
било што.
Било што ти се допаѓа.
Што и да сакаш.
Дали камен
или црн јаглен
или прашина
носи во душата.
Натежнува,
прободува,
каса и не седи мирно.
Дава привидна прегратка
на срцето
а навидум решетки или ѕид.
Било што.
Monday, June 23, 2014
Saturday, June 21, 2014
Часовникот
Се слушаше само
звукот на часовникот кој отрпнуваше пополека
носејќи ја неизвесноста во своите стрелки.
Како што ноќта се спушташе полека,
и песната на сипката звучеше меланхолично,
немаше сон, немаше
имаше задушена тишина и празни погледи
како што чајот се претвори во лед
така и нејзиното тело..
Сонцето грееше најсилно до сега
а дожд се лееше во земните души
горчливи се јадеа круши...
звукот на часовникот кој отрпнуваше пополека
носејќи ја неизвесноста во своите стрелки.
Како што ноќта се спушташе полека,
и песната на сипката звучеше меланхолично,
немаше сон, немаше
имаше задушена тишина и празни погледи
како што чајот се претвори во лед
така и нејзиното тело..
Сонцето грееше најсилно до сега
горчливи се јадеа круши...
Subscribe to:
Comments (Atom)


