Tuesday, July 22, 2014

Повикува.

Океанот те повикува
да си починеш.

Во длабокото е мирно.

Не можеш да дишеш таму
не, нема потреба да зборуваш
не, нема потреба да се молиш.
Само лежи, ледби во водениот кревет на твојата беда
безизлезност и немир во косата твоја седа.

Слатко е и ладно е.
Остани таму цел ден.
Изгази го светот.
Посакај крв,
посакај чоколадна торта ако те фати стрв.
Купи по некоја ѕвезда
за да го осветлиш твојот живот.

Со молитва за покојникот.

Океанот те повикува.
Да си починеш.
Да страдаш.
Да бегаш.
Да бидеш во агонија.
Да бидеш стар и изнемоштен.
Да живееш ко да умираш.

Да се удавиш.
Да се исчистиш од гревовите. 

Океанот те повикува.


Sunday, July 20, 2014

random-че

Сошиени ли ти се мислите?
Дали си демон?
Дали тече проколната крв низ твоите испакнати вени
која се гуши, се стега, се бори да излезе, згрутчена.
Вените твои трепетат од страв
грешнику, грешнице-
зли.

Дали раците ти се исплетени
или косата твоја, коњска грива?
Смртнику беден, истоштен, измачен
оставен сам на себе.

Сама на себе
изгорена, пепеллива,
прашлива и нечиста
ли е душата патетична твоја?

Немаш моќ.
Умираш ти, скоту.
Скотски живот ли е тој што го водеше?
Болка или сон бараше?
Капини ли ти беа очите?

Бедна ли е поемава?
Бесполезна ли е?
Кому му е грижа?
Важно да ја извезиме на гобленот блогов.