Сошиени ли ти се мислите?
Дали си демон?
Дали тече проколната крв низ твоите испакнати вени
која се гуши, се стега, се бори да излезе, згрутчена.
Вените твои трепетат од страв
грешнику, грешнице-
зли.
Дали раците ти се исплетени
или косата твоја, коњска грива?
Смртнику беден, истоштен, измачен
оставен сам на себе.
Сама на себе
изгорена, пепеллива,
прашлива и нечиста
ли е душата патетична твоја?
Немаш моќ.
Умираш ти, скоту.
Скотски живот ли е тој што го водеше?
Болка или сон бараше?
Капини ли ти беа очите?
Бедна ли е поемава?
Бесполезна ли е?
Кому му е грижа?
Важно да ја извезиме на гобленот блогов.

No comments:
Post a Comment