Залутан, сив град, изронети градини,
каде гордо и болно чекорат туѓи сни.
Памучен допир од есента,
која трча во кошула жолта
сал сончеви зраци си голта.
Молк во пејсажот од лисја и среќа,
грч и пепел во вреќа.
Точи бои животворни,
таинствени како твојата зеница.
Низ портите небесни излегла Деница
со височинка и надеж ја гриза
камбаната на
замаглените утра,
каде облаци итаат на сводот
и зраци им го попречуваат одот.
