пукна,
се скрши,
се ослободи ко птица,
одлета со умот,
си стави јаглен маска,
чиниш се преобрати,
со соколов кобен поглед
и лисички ум
ги фрлаше најтешките снегулки,
небаре мраз створија во топлината,
во мекоста,
во кревкоста,
и уништија се што беше човечко.
Sunday, March 29, 2015
една
Thursday, March 12, 2015
За суштествата.
Суди си ти.
Гризај си килим со шумливите зборови,
за неуништливата убавина,
за грдотијата.
Во твојата рефлексија високо гледаш,
во високи липи си стоиш.
Ах, пази да не те удри некоја чавка
додека сечеш облаци со твојот врат.
Спушти се кај нас, обичните смртници
и сфати дека и ти не си перфекција
туку убаво замаглување на твојата ископана,
крвава, болна, црвлива душа.
Денес сквернавиш,
утре, се давиш во црната вода што ја создаваш.
Тониш.
А немаш вид, ти
ненаситливо суштество.
Гризај си килим со шумливите зборови,
за неуништливата убавина,
за грдотијата.
Во твојата рефлексија високо гледаш,
во високи липи си стоиш.
Ах, пази да не те удри некоја чавка
додека сечеш облаци со твојот врат.
Спушти се кај нас, обичните смртници
и сфати дека и ти не си перфекција
туку убаво замаглување на твојата ископана,
крвава, болна, црвлива душа.
Денес сквернавиш,
утре, се давиш во црната вода што ја создаваш.
Тониш.
А немаш вид, ти
ненаситливо суштество.
Friday, March 6, 2015
Темнина.
Во град од стакло,
не можеш да дишеш без да се задавиш.
Ништо друго
освен погребот нема да направи да се почувствуваш жив\а.
Не плачи, не создавај крв.
Зборувај ми.
Кажи ми ги твоите лаги.
Твоите тајни нека немаат вратоврска и
разбери,
светлината никогаш нема да биде во мене.
Само дивјачко чувство кое не си оди
и вриска ли, вриска да се ослободи.
Погледни во мојата душа
и се што ќе најдеш е:
омраза, темнина, бескрајна
проколнатост, заврзаност,
скршено дете во скршен свет.
Но
се молам,
се надевам,
се борам,
за чудо да се случи,
никогаш.
Не знам дали си болен или ти студи.
Збери си ја силата и
бегај,
бидејќи со мене ќе умреш.
не можеш да дишеш без да се задавиш.
Ништо друго
освен погребот нема да направи да се почувствуваш жив\а.
Не плачи, не создавај крв.
Зборувај ми.
Кажи ми ги твоите лаги.
Твоите тајни нека немаат вратоврска и
разбери,
светлината никогаш нема да биде во мене.
Само дивјачко чувство кое не си оди
и вриска ли, вриска да се ослободи.
Погледни во мојата душа
и се што ќе најдеш е:
омраза, темнина, бескрајна
проколнатост, заврзаност,
скршено дете во скршен свет.
Но
се молам,
се надевам,
се борам,
за чудо да се случи,
никогаш.
Не знам дали си болен или ти студи.
Збери си ја силата и
бегај,
бидејќи со мене ќе умреш.
Sunday, March 1, 2015
Без наслов.
Во вревата што притиска,
во време погрешно и магловито,
во струните и бедот,
спиј во мелодијата на речта,
прегрни го корењето,
под полната месечина
со боја на свежа диња.
Седи под пурпурот
на раскошното небо.
Испиј ги виножитата
по росата, по дождовите.
Обоени зори.
Смрзната разиграна трева,
од ветрот бесен што жари,
се ниша пајажина тешка,
низ глуварчиња диви,
што зелени допири подаваат
ко твојата зелена зеница.
во време погрешно и магловито,
во струните и бедот,
спиј во мелодијата на речта,
прегрни го корењето,
под полната месечина
со боја на свежа диња.
Седи под пурпурот
на раскошното небо.
Испиј ги виножитата
по росата, по дождовите.
Обоени зори.
Смрзната разиграна трева,
од ветрот бесен што жари,
се ниша пајажина тешка,
низ глуварчиња диви,
што зелени допири подаваат
ко твојата зелена зеница.
Subscribe to:
Comments (Atom)


