Во град од стакло,
не можеш да дишеш без да се задавиш.
Ништо друго
освен погребот нема да направи да се почувствуваш жив\а.
Не плачи, не создавај крв.
Зборувај ми.
Кажи ми ги твоите лаги.
Твоите тајни нека немаат вратоврска и
разбери,
светлината никогаш нема да биде во мене.
Само дивјачко чувство кое не си оди
и вриска ли, вриска да се ослободи.
Погледни во мојата душа
и се што ќе најдеш е:
омраза, темнина, бескрајна
проколнатост, заврзаност,
скршено дете во скршен свет.
Но
се молам,
се надевам,
се борам,
за чудо да се случи,
никогаш.
Не знам дали си болен или ти студи.
Збери си ја силата и
бегај,
бидејќи со мене ќе умреш.

No comments:
Post a Comment