Sunday, March 1, 2015

Без наслов.

Во вревата што притиска,
во време погрешно и магловито,
во струните и бедот,
спиј во мелодијата на речта,
прегрни го корењето,
под полната месечина
со боја на свежа диња.

Седи под пурпурот
на раскошното небо.
Испиј ги виножитата
по росата, по дождовите.

Обоени зори.

Смрзната разиграна трева,
од ветрот бесен што жари,
се ниша пајажина тешка,
низ глуварчиња диви,
што зелени допири подаваат
ко твојата зелена зеница.



No comments:

Post a Comment