Thursday, February 25, 2016

Чекаме.

Чекаме песочен суперхерој,
но тој не слуша добро,
чекаме дожд додека сонце грее,
но тој не танцува добро,
чекаме во ред од трендафили и кактуси,
но тие бодат,
чекаме розев воз кој ќе не однесе далеку,
но возот е црн.
Се надеваме бел ден да дочекаме.
Или?


Saturday, February 13, 2016

Неименувана.

Сенката се вградува во мракот силен и стегнат,
пиеме кротко немир од белите ножиња на мачињата,
со пеколен јад,
во ладни стопала или срца,
во дрвената рамка на патот,
во трепките дождливи,
со младо темно грозје,
кое зрее над небесниот свод,
за срцевиот биеж од камбаната,
со пастелите на цвеќињата,
со недовршен стих.