Friday, March 28, 2014

за цветот?

Кога зумбулот згасна. Кога синото премина во жолто.
Кога сонцето исчезна.Кога имаше душа. Кога немаше бел ден.
Кога градот го истолчи битието негово.Кога немаше сон.
Кога немаше среќа. Кога радоста одлета ко гулаб. Кога животот стана смрт.
Тој умре. Со песната од мрачноста, од ковчезите дрвени, црни. 
Тој умре. Со денот, со нарцисите, со сончогледите, со срцето на земјата.
Тој умре. Оставајќи ја цела градина недоречена, осамена.
Умре со лаги во фантазијата.
Со мувла во неговато тло.
Со лилјаци по коси кои му се плетат.
Пајаците гордо му кројат дебела мрежа.
Вино ли е? Или гадна крв се лие по земјата кревка?
За миг, мислиш, ќе проговори. Ќе врисне.
Или од крвта ќе воскресне нов цвет?
А воздухот, ронлив, густ, ги носи со себе сите песоци кои ни' ги горат очите.
Слепи сме и гревовите ги погребавме на денот кога ги направивме.
Со зумбулот. 

















No comments:

Post a Comment