Ајде, сквернави го убавиот пишан збор. Ајде, копирај ги делата на нашите национални дејци. Копирај ги нивните реченици и зборови. Преведувај странски дела за да создадеш свое ''уникатно"' дело. Ајде, копирај го и ова ако ти причинува среќа. Бидејќи си презафатена да седнеш и да прочиташ по некоја книга за да си го зголемиш фондот на зборови. Бидејќи си презафатена да привлечиш внимание, презафатена да најдеш инспирација и во најситните нешта и да ja пуштиш твојата душа да зборува. Бидејќи се' се врти околу љубовта и тебе. Бидејќи твоето постоење е многу патетично? Нели? Бидејќи преку ноќ си писател и мудрец, најемотивната личност? Бидејќи преку ноќ напиша книга и си експерт за се? Бидејќи си позелена во умот и од тревата во паркот? Да, си, а ова е уште еден хејтерски пост кој ништо и нема да промени околу тоа. Благодарам за вниманието. Пријатен ден.

No comments:
Post a Comment