Tuesday, February 3, 2015

Огледало.

Ко скршено огледало
седум години лоша среќа
си ти.
Пробав да те склопам,
се исеков,
изгубив еден од моите девет животи.
Ко проколнат од баба со црна шамија
да си го прободуваш срцето константно,
да страдаш,
да не видиш бел ден.
Газиш кревко врз жарта,
бараш помош, добиваш
и наместо на земја
газиш на трњак.
Бедотијо тешка.



No comments:

Post a Comment