Не барај грешка
во крепоста,
во човековата затаеност.
Даваш
блед чекор,
во ладна соба,
каде што крварат ѕидовите,
се ниша вратата,
со пајажина,
која натежнува,
и загушува.
Се слушаат
пискотници,
Ти со несони мисли,
гледаш месечеви силуети
на пурпурниот прозор,
а долу на подот
глуварчиња неми
и расплакана трева.

No comments:
Post a Comment