Проникнувам
низ бразди и корења.
Некогаш бев во грутките земја,
Некогаш бев топлина за смрзнати раце.
Одам гласна ко мојата мисла,
одам ко сенка која не бега кобно
и ја гледаш во очи.
Го гледам црвеното небо
и пастелот што го носи,
сето тоа исчезнува во челичните мисли
и брзо ја губи својата боја.
Созрева полека и пролетта,
а ти скиташ во зелените неба
небаре копнееш по многу маглени утра
и црни облаци.
Ти ги нема скалилата кои ти ги изградив,
сокаците сега ќе те водат во далечен крај.
Замолкна и природата
престана звукот да постои,
но
утрата остануваат исти,
бели, студени и успани.
Недалеку струи и ме повикува
мирисот на еден колач.
Ме довикува.
И патувам веќе,
боса и со брз чекор.
Се изморив веќе...

No comments:
Post a Comment