Friday, November 18, 2016

Есен.

Земи ме,
држи ме во своите раце
и гали ме со твојот ветер,
разбрани ми ги прамените,
поиграј си со мојата душа,
протреси ми ги мислите
и загреј ми ги рацете,
затоа што си ладна,
затоа што си горка,
затоа што си сува,
затоа што ме земаш и не ме пушташ,
а кога те нема, ми недостигаш,
кога те нема веќе, доаѓа посурова
зима, посуров допир
и кожава ми се лупи
и душава ми оладнува,
огладнува,
моли за еден чај,
моли за една книга,
моли за едно ќебенце,
моли за едно топло сонце,
кое само не осветлува
и не' остава сами,
сега си тука и си
менлива,
есен,
моја есен.


No comments:

Post a Comment