Thursday, May 15, 2014

Лице.

 








Јас сум дожд.













Јас сум кошмар од кој се будиш ко жива вода
јас сум проклета светлина која те буди
јас сум тишина што те заспива ко мртов
јас сум црвена крв во твоите проширени вени
јас сум проколнати мисли 
јас сум најкобен непријател
јас сум пепелна сенка која те следи
јас сум црното сонце во твојот сон
јас сум пиштол скриен во твојот плакар.









Ти си ко мртво тело во мртовечко возило
покрај кое поминува секој и слуша тропање по прозорите.
Во кое има тело кое почива мирно
во кое има дух кој се обидува да избега низ прозорите на возилото
во кое упорно тропаш и врискаш ти, а никој не те слуша.
Во кое ќе останеш заглавен и никогаш нема да излезеш
и ќе врискаш довека. 
Засекогаш.

No comments:

Post a Comment