Sunday, September 7, 2014

Damned.

Слушам
момче со тивок плач.
Небаре слушам капки од дожд кои паѓаат флегматично,
олово тешки, калливи, нечисти.
Тоа беше ти.
Држеше проклети, црни пилули во твоите крвави раце.
Дали мислиш дека тие ќе ти ги соберат парчињата стакло,
тие панофобични кристали кои ти ја претставуваат бедата?
Дали свеќата која се топи пополека
ти го одредува времето на твојот патетичен живот?
Дали се прашуваш како се роди во ваква трагедија, беднику?
Ги тониш со тебе и невините.
Ги инфицираш со отровот твој демонски.
Ги водиш во темниот ќош на твоите гревови и искушенија.
Тој ќош ми се обрати на мене.
Ми вели: -Дојди!, со заводлив глас. - Ќе те ослободам од твоите маки.
Но не се осмелив.
Седев и те набљудував.
А темниот ќош ти велеше: - Ќе умреш ко скот! Ќе се удавиш проклетнику! Загуши се од правливите мои мрежи, тоа е се што заслужуваш!
А твојата душа почна да гори, се до зори.
Пилулите в рака ти станаа 'рѓосани, ко и твојата душа.
Твоите коски парализирани, а твоите усни заробени.
И ти остана сам.


No comments:

Post a Comment