Во облак. Го слушаш крцкањето на вратата која полека се отвора. Се чудиш и секакви јаглени мисли ти пројдуваат низ глава. Крцкањето полека се претвора во врискање. Полека се зголемува интензитетот. Додека не полудиш од што го слушаш тој непријатен звук кој ти ги гушка до бесвест фонорецепторите во твоето уво. Наеднаш прекинува и започнуваат морници по тело да ти одат и да ти прават дупки по кожата. Ладен бран те обвива и не можеш да се придвижиш. Воздухот ти станува потежок, се гушиш. На вратот чувствуваш нечија ладна рака, а навидум нема ништо. Губиш здив. Започнува да ти гори под нозете. Гориш, страдаш, пиштиш од немоќ и безизлез, од болка, од горчливи рани. Изгледаш како крваво опседнато суштество. Исчезнуваш. Се претвораш во пепел и воскреснуваш. Се ослободуваш навидум. Но почнуваат да те влечат душевни јамки за рацете и не можеш да одиш напред. Викаш за помош, а никој не те слуша. Врискај си ти, никој нема овде да те слушне, ти смешно човече. Паѓаш и се будиш од сонот. Добро утро грешнику.

No comments:
Post a Comment