Нем
нем е плачот на душата
која талка и живее во соновите
кои се полоши од реалноста
но прегрнуваат послатко од сегашноста
од оковите на минатото
од стегите на иднината
од суви зборови искажани од големо парче лед
од премногу умирања од задушување
од сопствените завртки на зглобовите
од еготото галаксично големо
кое ни ноќе не спие
го умира и живото во други
додека се храни со црвци и пијавици
кои се таложат во зимната душа
и не се знае веќе и зошто
e тоа просјачко
проси за топлина
бедно.

No comments:
Post a Comment